
Од вчера официјално почна светското ракометно првенство кое се оддржува во Полска и Шведска.
Македонија утре го игра првиот натпревар во својата група против селекцијата на Норвешка, а во овој момент македонските ракометари се на скопскиот аеродром од каде треба да полетаат за Полска.
-Сениорската машка репрезентација на Македонија заминува за Краков, Полска на Светско првенство. Среќно момци!!! Со ❤ за Македонија, се вели во Фејсбук статусот на македонската ракометна федерација.