
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, започна денеска во Виена со презентацијата на македонската програма за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Според најавите на нашето МНР, Османи пред Постојаниот совет на ОБСЕ зборува за предизвиците со кои се соочува оваа организација, како и визијата и плановите на Македонија како претседавач во 2023-тата година.
„За време на неговата посета на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Австрија, земјата-домаќин на ОБСЕ. Исто така, тој ќе реализира билатерална средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет. На средбите ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, и за улогата на ОБСЕ справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина“ се вели во соопштението од МНР.