
„Ја оценувам како катастрофална средба, средба која што го дели народот во Македонија, наместо да го обединува. Тоа е средба во која што треба да се спасува Владата на ДУИ поддржана од СДСМ и Ковачевски. И средба без суштина“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Вевчани одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира тиранската средба.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тиранската средба е средба во која што народот се дели, не се обединува. Исто така оваа средба е за спас на Владата на ДУИ поддржана од СДСМ и Димитар Ковачевски.