Како да се преживее на минус 50 во Јакутск, облечете се како зелка

Температурите оваа седмица во сибирскиот град Јакутск паднаа на минус 50 Целзиусови степени во текот на невообичаено долгиот студен период во градот кој важи како најстудениот на светот.

Јакутск се наоѓа на околу 5.000 километри источно од Москва, на пермафростот на рускиот Далечен исток, а за жителите на овој рударски град не е невообичаено на термометарот да видат температури под минус 40 Целзиусови степени.

„Против таквиот суд не можете да се борите. Или се прилагодувате и се облекувате според времето или ќе патите“, вели Анастазија Груздева, која кога излегува надвор се обвиткува со два шала, на рацете става два чифта ракавици а на главата неколку капи и качулка.

„Во градот студот и не се чувствува во толкава мера. Или, пак, мозокот ти се подготвува за тоа“, вели Груздаева подготвувајќи се да излезе во градот обвиен со ледена магла.

Друга жителка на Јакутск, Нургусун Старостина, која продава смрзната риба на пазарот, без потреба за ладилник или замрзнувач, во репортажата на Reuters вели дека нема посебни тајни како да се справи со студенилото.

„Само треба топло да се облечете, слоевито, како зелка“, вели Старостина.

Во Јакутск се измерени минус 71 степен, иако просекот се движ околу минус 45 Целзиусови степени.

Преживување на таквите температури се должи на крзнени бунди, под кои има неколку слоеви џемпери и блуз, дебели панталони и постави под нив, дебели чорапи и традиционални чизми од елен, со задолжителна шубара и ракавици, и сето тоа мора да е од природни материјали. На рускиот Делечен исток, воопшто, не се продава облека од синтетички материјали. Покрај тоа, во зимските услови жителите на Јакутск се придржуваат до правилото да не остануваат надвор подолго од 15 минути.

По постојаниот мраз Јакутск во долгата зима постојат и урбанистички особености кои не се среќаваат во остатокот од светот. На пример, нема подземни гаражи, сите згради се градат на столбови на еден метар над земја, а целата инфраструктура од најразлични цевки (гасовод, вода…) кои би требало да бидат под земја, исто така е над земја.