Во Кабул убиена истакната политичарка

Поранешна авганистанска парламентарка и нејзиниот телохранител биле застрелани во нејзиниот дом во главниот град Кабул, соопшти авганистанската полиција.
Мурсал Набизада (32) беше еден од ретките претставници кои останаа во Кабул откако Талибанците ја презедоа власта во август 2021 година.

Нејзиниот брат и уште еден чувар беа ранети во нападот во неделата.

Поранешните колеги ја пофалија Набизада како „бестрашен шампион на Авганистан“ кој одби шанса да ја напушти земјата.

Откако талибанците се вратија на власт во 2021 година, жените беа отстранети од речиси сите сфери на јавниот живот.

Портпаролот на полицијата во Кабул Калид Задран изјави дека безбедносните сили започнале „сериозна истрага за инцидентот“.
Поранешната пратеничка Маријам Солејманхил рече дека Набизада е „вистински пионер – силна, отворена жена која се залага за она во што верува, дури и кога се соочува со опасност“.

„Иако и беше понудена шанса да го напушти Авганистан, таа одлучи да остане и да се бори за својот народ“, напиша таа на Твитер.