
На стартот на првиот овогодинешен Гренд слем турнир, Австралија опен, петтиот носител Новак Ѓоковиќ немаше поголеми проблеми да го совлада шпанецот Роберто Кабралес Баена со 3:0 или по сетови 6:3, 6:4, 6:0.
На тој начин Србинот се врати на најдобар можен начин на турнирот поради кој во изминатиот период имаше громни проблеми, поточно за време на корона пандемијата и забраната за влез во Австралија.
Сега, сетоа тоа е минато и Ѓоковиќ ќе има нова шанса да атакува на нова Гренд Слем титула со што уште еднаш ќе покаже дека е најдобриот на сите времиња.