
Ш.Х. (55) од Гостивар вчера бил пронајден починат во стан на улицата „ЈНА“ во Гостивар.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека случајот кај нив бил пријавен во 10 часот.
-Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додава Јосифоски.
По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.