
На 17.01.2023 во 12:00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија извршен е службен разговор со Р.Е. (47) од Гевгелија, поради упатени закани преку интернет кон вработени во Канал 5 телевизија.
Р.Е. го признал делото и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Гевгелија.