ВИДЕО| Пригожин го обвини избеганиот борец на „Вагнер“ дека злоставувал затвореници

Дваесет ишестгодишен борец на руската приватна воена компанија „Вагнер“, кој на западот се претставува како командант, пребегнал во Норвешка и изнесува низа обвинувања за единицата од каде, пак, го обвинуваа за злоставување на украинските заробеници.

Андреј Медведев, кој на „Вагнер“ му се придружил на групата на 6-ти јули 2022 година со четиримесечен договор кој му истекол и бил ослободен од обврските во Норвешка барал азил под изговор дека стравува за својот живот поради наводно дезертерство. Во видео снимка поставена на Gulagu.net, група за човекови права која се финансира од странство вели дека ја минал границата со Норвешка каде го привела норвешката полиција.

Медведев, кој тврди дека како сирак се приклучил во руската војска а потоа отслужил затворска казна, потоа пристапил во „Вагнер“, тврди дека побегнал бидејќи наводно бил сведок на убивање на борци на групата којашто биле фатени откако побегнале од боиштето, односно дезертирале.

„Стравувам дека ќе умрам во агонија“, му рекол Медведев на Владимир Осечкин, основач на групата Gulagu.net која ми помогнала да ја напушти Русија „за да побара помош во страв за својот живот“.

Медведев во видеото вели дека се обраќа од Осло, каде што дошол откако ја минал границата „совладувајќи ја бодликавата жица, бегал од граничарите со кучиња кои го гонеле и на нега пукале додека трчал низ шумата и преку тенок мраз“ до Норвешка.

Во врска со Медведев се огласи и основачот на „Вагнер“, претприемачот Евгениј Пригожин, кој го обвини поранешниот борец дека „злоставувал затвореници“. „Внимавајте, тој е многу опасен“, вели Пригожин во изјавата која ја објави за медиумите неговата портпаролката.

Во интервјуто за Gulagu.net. Медведев вели дека станувал „сѐ понезадовен, бидејќи постојано му го продолжувале договорот без негова согласност и дека бил сведочел за убивање и злоставување на руските затвореници“ кои на боиштето ги донела групата „Вагнер“.

Додава дека загубите биле многу големи откако „Вагнер“ почнал да испраќа голем број руски затвореници на фронтот во втората половина од 2022 година. „Внатрешната служба на ‘Вагнер’ извршува екстремни казни“, вели. Медведев тврди дека маж убиен во токмак бил припадник на неговата единица.

Во објавата од службата за односи со јавноста на „Вагнер“ не се коментираат наводите на Медведев за казнувањето на затворениците и загубите на боиштето, како и дека наводно му бил продолжуван договорот. Пригожин вели дека групата е „ефикасна борбена сила, бидејќи има големо искуство на боиштето и добро се опремени“, а тврди дека „командниот состав дејствува според способностите во кој секој може да придонесе, но кога ќе биде донесена одлуката се спроведува со челична дисциплина“.