
Најмалку 18 лица, меѓу кои три деца, министерот за внатрешни работи и неговите први соработници, загинале во хеликоптерската несреќа во близина на детска градинка и станбени згради во местото Броварих во областа на украинската престолнина Киев, пренесуваат во средата порталот ZN.UA повикувајќи се на министерството за надворешни работи во чиј прелиминарен извештај се наведува и за 29 повредени од кои 15 се деца.
Претходно челникот на регионалната воена управа на Киев, Олексиј Кулеба објави дека околу 10 часот по локално време се урнал хеликоптер во Броварих, во близината на детска градинка и станбени згради и оти притоа е изведена евакуација на сите лица од областа.
„Во времето на оваа трагедија деца и вработени во установата биле во градинката. Сите се сега евакуиран“, напиша Кулеба на апликацијата за размена на пораки Telegram.
Националната полиција на Украина соопшти дека во несреќата во Броварих, загинале министерот за внатрешни работи Денис Монастирски и неговиот прв заменик Евхениј Енин, како и државниот секретар Јуриј Лобкович, тие биле во урнатиот хеликоптер на државната служба за итни случаи.. Последователно, оваа информација беше потврдена од Националната полиција.
Полицискиот портпарол изјави за јавниот сервус Суспилен претходно објави за најмалку пет повредени и повеќе мртви.
Видеозаписите поделени на социјалните мрежи прикажуваат зграда во пламен и се слушаат врескања на луѓе. Засега нема потврда на автентичноста на снимката, а властите побараа да не се споделуваат такви снимки.,
Засега не е познато што го предизвикало падот на хеликоптерот. Русија не се огласи дека извела напад, а и украинските функционери не споменуваат од утрото никакво руски напад во таа област.
„Добиваме информации за жртви и за околностите“, изјави Кирил Тимошенко, заменик на шефот на кабинетот на украинскиот претседател.