
Денеска (18 јануари) околу 18 часот и 50 минути, во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 36-годишниот Џ.А.од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело по член 236 (“тешка кражба”) од Кривичниот законик.
По приведувањето реализирано со судска наредба, Џ.А. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Тетово” во Тетово.