
Најстарата жителка на планетата, француската чесна сестра Андре, со мирјанско име Лусил Рандон, почина во сон ноќта во вторникот на 118-годишна возраст објави агенцијата AFP повикувајќи се на претставник на домот за стари лица во градот Тулон во кој беше згрижена Андре.
Од 26-ти април 2022 година сестрата Андре од страна на Геронтолошката истражувачка група Gerontology Research Group (GRG) беше призната за најстарата личност на светот, по смртта на тогаш 119-годишната Јапонка Кане Танаке.
Лусил Рандон, или сестра Андре име коешто го земала во 1944 година кога пристапила на католичко добротворно сестринство, Родена е на 11-ти февруари 1904 година, а во текот на 2022 година беше позитивна но го преживеа коронавирусот.
Рандон во младоста работела како гувернанта. Се крстила на 26 години, на 41 година станала калуѓерка и работела 28 години во болница во Виши, каде им помагала на сираците и на постарите лица. Во 1979 година стапила на служба во манастирот во Савој. Од 2009 година живеела во дом за стари лица во Тулон.
„Велат дека работата убива, а мене работата целото време ми помагаше да живеам. Работев до својата 108 година“, изјави сестрата Андред во разговор за медиумите минатата 2022 година кога официјално беше прогласена за најстарата личност на светот.