
Во Македонија во петокот ќе преовладува променливо облачно со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер.
Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 0 и 9 степени, додека максималните во текот на денот ќе достигнат од 1 на западните планински региони до 12 Целзиусови степени на крајниот југ.
Во Скопје и околината денеска, исто така, времето ќе биде променливо со дожд во претладневните часиви. Температирата ќе се искачи до 9-от степен.