Антониа Гиговска е бремена

Популарната македонска пејачка Антониа Гиговска на својот 22 роденден објави уште една среќна вест.

Таа откри дека е бремена и верена.

-Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое! Отсега, секој мој роденден ќе го славиме заедно. Нека ми е среќен роденденот, погодете кој ќе стане мајка. Инаку, прстенот го бирал сам, умирам од среќа.. Си славам роденден, бебе, прстен, се’..“, ја завршува Гиговска објавата на Инстаграм.

Претходно, Антониа неколку години беше во врска со колегата Иван од „Либеро бенд“.