Министерот за здравство вработува блиски неквалификувани луѓе, здравствениот систем пропаѓа, велат од Левица

Продолжуваат унапредувањата на лица блиски до власта, без јавен оглас, овојпат во режија на министерот за здравство Беким Сали. Интерниот оглас за унапредувањата според кој донел одлуки министерот Беким Сали не биле објавени на веб-страната на Министерството за здравство, спротивно на законот. Со тоа одлуките нелегитимни и тие мора да бидат поништени, реагираат преку денешното соопштение од партијата Левица.

„Министерството за финансии мора да обезбеди согласности за одлуки имаат буџетски импликации за 2023 година. Со тоа треба да бидат поништени и одлуките на министерот Сали, во отсуство на согласности од Министерството за финансии. Неквалификувани лица блиски до власта биле унапредени. Како актуелен пример е унапредениот Кенан Џафери од Стајковци кој е лингвист, а ќе работи на утврдување на цената на лекови во сектор за фармација. Како советник во секторoт за медицинска опрема и следење на состојбата во здравствените установи била унапредена Шпреса Алиу, сестрата на Љуљзим Алиу кој е пак шеф на огранокот на матичната партија на актуелниот министер, Алтернатива во Општината Чаир. Соседот на министерот, Љирим Синани пак е унапреден во раководител на Секторот за управување со човечки ресурси на Министерството и натаму ќе одлучува за застапеноста на заедниците при вработувањето на кадар во здравството во Република Македонија“, тврдат од Левица.

Оттаму додаваат дека министерот Сали треба да плати и осум милиони евра како пенали за нереализираната изградба на Клиничкиот Центар што е неопходeн за ревитализација на македонското здравство.

Фото: Левица