
Димитров пружи отпор во првиот сет во кој имаше неколку сет топки кои не ги искористи. Ѓоковиќ го доби сетот во тајбрејк со 9-7.
Во следните два сета Ѓоковиќ немаше такви проблеми, ги доби со 6-3 и 6-4 и го доби мечот со 3-0.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со Де Минуар кој со 3-0 беше подобар од Бонзи.
Енди Мареј кој играше два маратонски меча во првите две кола, не можеше да направи подвиг и против Баутиста Агут.
Шпанскиот тенисер победи со 3-1 во сетови, 6-1, 6-7 (7-9), 6-3 и 6-4.