
Ракометарите на Бразил не успеаја да слават против селекцијата на Исланд на СП во ракомет иако имаа добра предност од 4 погодоци по првиот дел.
Во второто Исланд се разигра и на крајот се радуваше на победата од 39-37 во извонредно ефикасен меч.
Најефикасни кај Исланд беа Елисон со девет и Кристјансон со осум голови, додека на спротивната страна Дупуа постигна седум погодоци.