
Од денеска официјално започна Јавниот училишен превоз во рамките на Јавното претпријатие Градски превоз Кавадарци, за сите ученици од Општина Кавадарци, но и од општините Неготино и Росоман, кои посетуваат настава во основните и средните училишта во градот Кавадарци, информира градоначалникот Митко Јанчев.
„Станува збор за вкупно 472 ученици од трите средни општински училишта, како и 162 ученици од основните општински улилишта „Страшо Пинџур“ и „Тошо Велков Пепето“.
На почетокот на следниот месец е планирано да започнат со работа и двете градски линии, како и приградските линии на релација Кавадарци, Неготино, потоа Ресава, Бегниште, Возарци, Дреново, Шивец, Сирково,Трстеник, Манастирец, Рибарци, Глишиќ, Марена, Ваташа како и селата од Бошавијата“, вели тој.