Страшни податоци: Во само 22 дена од годинава во САД се убиени 116 деца

Во текот на вчерашното, најново, масовно пукање во Калифорнија, како што е веќе објавено, напаѓач отвори оган во танцов клуб со автомат и уби 10 луѓе за време на прославата на кинеската лунарна нова година. По масакрот отишол во друг танцов клуб, каде сакал да го направи истиот хорор, но за среќа бил спречен од обезбедувањето. Кога полицијата го опколила додека бил во комбето, тој изврши самоубиство, а беше идентификуван како седумдесет и двегодишен маж по име Ху Чан Тран.

Официјалните податоци во САД за масовните престрелки во 2023 година се алармантни. Имено, само во текот за 22 дена од годинава се случиле 36 масовни престрелки, објави Курир.рс.

Според податоците на Архивот за огнено оружје, во 2023 година биле убиени 116 деца.

Само во првите три недели од оваа година имало дури 32 масовни престрелки, од Гошен, Калифорнија, до Балтимор, Мериленд, а ова во Монтереј Парк, Калифорнија е најновото во серијата, пренесува CNN.

Во тие делови на САД, жителите се потресени и вознемирени, а некои се подготвуваат за евентуална можност за такво насилство во нивните домови.

„Време на културна прослава… ауште една заедница е поделена со бесмисленото вооружено насилство. Сите ние кои сега сме во оваа просторија, но и сите луѓе низ САД, разбираме дека ова насилство мора да престане“, рече вчера американската потпретседателка, Камала Харис.

Архивот за огнено оружје го дефинира масовното убиство како злосторства во кое се убиени најмалку четири лица.