
Утре и задутре, ако слушнете пукотници, немојте да се плашите оти станува збор за најобично минирање во околината на скопското село Говрлево, наведено е во соопштението што го испрати компанијата „Рудпроект“ до Регионалниот центар за управување со кризи.
„Ве известуваме дека на ден 24.01.2023 год. (вторник) и 25.01.2023 год. (среда) во периодот од 08 – 16 часот на површинскиот коп за калцитски мермер ‘Зелениковец’ – Говрлевска Краста – скопско, ќе вршиме минирање, се наведува во известувањето.