
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски, ја коментираше одлуката за испраќање западни тенкови и реакцијата на Русија на неа.
„Русија речиси една година ја напаѓа Украина, масовно убива цивили, користи илјадници тенкови… Но, штом Европа и вети тенкови на Украина, (портпаролката Марија) Захарова хистерично вели: „Ова е потврда за однапред испланирана војна против Русија.
„Никогаш не преговарајте со луѓе без логика“, напиша тој на социјалните мрежи.