
Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков порача дека ќе бидат потребни „мали чекори“ за Москва и Вашингтон да се приближат до договор за билатералните прашања, пренесува во понеделникот агенцијата РИА.
„Се надеваме дека тактиката на мали чекори ќе ни овозможи да дојдеме до двострано прифатливи решенија за најважните прашања од билатералната агенда“, вели Рјабков во интервјуто за РИА.
Рускиот дипломат вели дека е „лесно можно“ договорот со САД за контрола на нуклеарното вооружување познат како Нов СТАРТ да биде заокружен по 2026 година.
„Тоа е сосема можно сценарио“, вели Рјабков.
Руско-американските преговори за продолжување на инспекциите според договорот Нов СТАРТ, кој истекува во февруари 20226 година, беа прекинати во ноември 2022 година, без воспоставување временска рамка за новите преговори
Во август портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова извести дека и покрај односите меѓу двете земји се на најниското ниво од крајот на идеолошката блоковска Студена војна, Москва и Вашингтон се договориле да го одржат дијалогот и успеале да решат некои од проблематичните прашања во врска со инспекциите кои произлегуваат од договорот Нов СТАРТ. Но притоа забележа дека и натаму има „значителни тешкотии“ во спроведувањето на „суштинските рутински мерки“ предвидени со договорот е комплицирано, за што ги обвини „неконструктивните активности“ на Вашингтон и неговите сојузници.
Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година и го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.
Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.
Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, истече во јануари 2021 година а според калузилата автоматски е продолжен до 2026 година. Вашингтон досега јасно не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека пред три години годинава се повлече и од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор.
Рјабков додава и дека Москва и Вашингтон ќе ги продолжат преговорите за размена на нивни државјани осуденици во двете земји, но оти е малку веројатно дека ќе има размена „сите за сите“.
Според него преговорите за воспоставување безбедносна зона околу најголемата нуклеарна централа во Европа – Запорожје, во југоисточната украинска истоимена покраина којашто ја контролира руската војска од крајот на ланскиот февруари а во септември се присоедини на Русија по референдум кој не го признаваат Киев и Западот, се тешки и оти се чини дека Киев само ги одолговлекува.
„Бидејќи консултациите со Меѓународната агенција за атомска енергија се во тек, не би било во ред да се објавуваат информации за можните параметри на заштитната зона на Запорошката нуклеарна централа. Му ги предадовме нашите предлози на Рафаел Гроси, (генералниот директор на агенцијата). Колку што знаеме, Киев сѐ уште не дал јасен одговор на иницијативата на челникот на IAEA. Очигледно, само одолговлекува“, заклучува Рјабков.