
Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас денеска соопштил дека ќе отсуствуваат од гласањата во Парламентот и уште еднаш го повикал актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис веднаш да распише избори, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Ципрас, поради скандалот со прислушувањата, побарал Парламентот веднаш да се распушти и да се одржат избори за најмалку три седмици, согласно грчкиот Устав.
Паралелно, на денешната прес-конференција објаснил дека пратениците на СИРИЗА ќе отсуствуваат од сите гласања и парламентарни процедури за евентуа лни нови закони.