
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на Националниот молитвен појадок што ќе се одржи во Вашингтон, на 2 февруари 2023 година (четврток).
Во рамките на посетата на САД, Потпретседателот Муцунски ќе оствари и работни средби со високи претставници на Стејт департментот, членови на Конгресот, како и на меѓународни организации кои се партнери и пријатели на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.