
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата од вечерва на полноќ.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на цената утврдена на 30.01.2023 година и со тоа Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 82,00 ден/лит.
Исто така, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена од 30.01.2023 година и со тоа Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе чини 80,50 ден/лит.
Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за од 30.01.2023 година. Според тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит, на Еуросупер БС-98 86,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС 41,346 ден/кг, соопшти РКЕ.