
Вчера во периодот од 14:00 до 19:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи.
Меѓу санкционираните е и професионален возач, кај кого при контрола се измерени 2,12 промили алкохол.
Притоа, 46 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.