
Во петокот во 15,15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот 27-годишниот Д.Х. од Велес.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.