
Најмалку три лица го загубија животот, 16 се спасени, а непознат е бројот на исчезнати, откако чамец со мигранти удрил во карпа во близина на грчкиот остров Лезбос, објави „Катимерини“.
Според истите информации, од рано утрово во тек е спасувачка акција на крајбрежната служба, а според изјавите на спасените, во чамецот со кој се пренесувале имало околу 41 лице, а никој од нив не носел спасувачки елек.
Потрагата и акцијата се води во лоши временски услови со силен ветер.