
Во последниот натпревар од 20-то коло на шпанското фудбалско првенство Рајо Ваљекано ја победи Алемрија на домашен терен со 2:0.
Ваљекано дојде до победата во второто полувреме кога во 54 минута сопствената мрежа ја погоди Родриго Ели, а девет минути подоцна Алваро Гарсија погоди за конечниот резултат.
Ова е трета победа на тимот чиј гол го брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски во последните четири натпревари, а со новите три Ваљекано напредуваше на табелата за три позиции и сега е на петтото место со 32 бодови, три помалку од Атлетико Мадрид на четвртото место кое води во Лигата на шампионите.
Алмерија остана на 14-т место со 22 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање од Примера.
На врвот од табелата е Барселона со 53 бодови, осум повеќе од вториот Реал Мадрид а 14 од третиот Реал Сосиедад.