
Сириската организација на Црвениот крст поради разорниот земјотрес со најмалку 1.600 жртви ја повика во вторникот Европската унија да ги укине санкциите воведени против Дамаск воведени во западните напори да се натера претседателот Башар ал-Асад, регионален сојузник на Русија, да отстапи од позицијата.
„Ги повикувам сите земји од Европската унија да ги укинат економските санкции против Сирија, бидејќи време е тие да бидат укинати по таквиот земјотрес“, изјави директорот на сирискиот огранок на Црвениот крст, Халед Хабубати на прес-конференцијата во Дамаск.
Хабубази, сирискиот Црвен крст мобилизирал повеќе од 3.000 доброволци кои учествуваат во потрагата и спасувањето во погодените области на границата кон Турција.
Сирија засега потврди 1.622 загинати и повеќе од 3.600 повредени во земјотресот со магнитуда 7,8 кој ноќта кон понеделникот ја погоди земјата. Граѓанската војна која трае веќе 11 години значително ги исцрпи капацитетите самата да се справува со таквата природна стихија.
Регионалниот сојузникот на владата во Дамаск, Иран во понеделникот вечерта го испрати првиот авион со 45 тони хуманитарна помош за населението во погодените сириски провинции. А помош испрати и Русија, а во спасувачките напори учествуваат и руските војници од базите во Тартус и Хмејм.
Сирија е под санкции откако во март 2011 година сунитските фракции во продолжението на ткн Арапска пролет поддржана од Западот беа крваво соборени владите во редица арапски земји во северна Африка и на Блискиот исток, поради што трговската размена со делови од светот е значително намалена.
Западот инсистираше на воведување на санкциите поради наводното насилно задушување на протестите против власта на претседателот ал-Асад, кој тврди дека тие насилства биле оркестрирани со учество на британската, турската и тајните служби на сунитските земји од регионот што ја испровоцира граѓанската војна.
Дамаск посочува дека додека војската на САД ги држи под контрола четирите најголеми наоѓалишта на нафта во Сирија и непречено и нетранспарентно го експлоатира енергенсот, санкциите порано богатата земја ја турка во економски колапс.