Љубовен хороскоп пред претстојниот Ден на вљубените

Познатиот астролог-нумеролог Сидхарт С Кумар врз основа на NPS (Нумеролошкиот систем за позиционирање), KPS (Карм системот за позиционирање) и нулта нумерологијата, го состави љубовниот хороскоп за остатокот од февруари една седмица пред Денот на вљубените.

За слободните лица родени во знакот на Овен ќе се зголемат шансите да најдат сродна душа. Претставниците на знакот коишто веќе успеале да остварат врска, ѕвездите ги советуваат да минуваат повеќе време со саканата личноста и да ја искористат можноста да постават за градење заеднички спомени.

Февруари е вистинскиот момент кога Бикот конечно треба да застане пред матичар. Осамените претставници на знакот овој месец ретко ќе можат да го напуштаат домот. Затоа треба да покажат одговорност за личниот живот и да склучуваат повеќе познанства, на крајот ќе ја најдат и љубовта.

Слободните Близнаци можеби нема и онака да најдат со кого ќе го минат Денот на вљубените. Меѓутоа, во февруари нивниот шарм само ќе расте, а и поумешно ќе флертуваат. Така што појавувањето на партнерот е само прашање на времето. Изненадувања, состаноци, акции – сево ова е секојдневие за Близнаците во двојка. А за да ја обноват страста, ѕвездите ги советуваат да направат нешто особено за својата сакана личност.

Раковите кои не се сѐ уште во двојка треба да го остават зад себеси минатото. За да изградат добра врска, астрологот Кумаар препорачува да се ослободат од токсичното однесување. Раковите кои се во врска треба внимателно да ги набљудуваат своите избраници и да сфатат колку нивните чувства се взаемни. Главното во овој момент се состои во комуникацијата.

Лавовите ќе треба да го изберат единствениот од неколкуте претенденти. Претставниците на знакот, кои веќе ја нашле љубовта, се особено ранливи во февруари. Пред да ги споделат своите тајни со партнерот, вели нумерологот, треба да бидат сигурни дека тој е подготвен за сознанијата.

Слободните Девици ќе ги отворат своите срца за љубов и ќе најдат сродна душа. Врската со партнерот ќе стане посилна за претставниците на знакот коишто веќе ги градат своите врски.

Во февруари Вагите може да најдат љубовта насекаде, дури и во метро А оние коишто се во врска можат лесно да балансираат меѓу работата и „втората половина“. Сериите и романтичните вечери не претставуваат пречка за кариерата, ќе докажат овој месец Вагите.

Самодовербата и страста, кои се шармот на Шкорпиите, ќе привлекуваат многумина во февруари. На семејните претставници на знакот ѕвездите им ветуваат време на доверливи разговори и интимна блискост.

Осамениот Стрелец ќе се справи со блокадите во љубовта и ќе започне да ја бара својата среќа. Претставниците на знакот кои се во врска ќе размислуваат за брак и/или за раѓање дете.

Јарците не треба да се плашат да го покажат своето вистинско „Јас“, љубовта за нив веќе е многу блиску. За претставниците на знакот кои веќе имаат партнер, месецот ќе биде „жежок“, ова време за емоционална и сексуална интимност.

Водолиите ќе треба да се одлучат со кого сакаат да градат врска. Ќе има многумина кои ќе сакаат да се сретнат со нив. На оние претставници кои веќе се во врска ѕвездите им советуваат да ја разгалат својата сродна душа. На пример, да подарат нешто луксузно за Денот на свети Валентин.

Рибите во февруари едноставно ќе блескаат и треба да бидат подготвени на внимание. А тоа се однесува и за оние кои се слободни и за оние кои се во врска. Од првите ќе биде баран телефонскиот број, а за втората ќе се погрижи нивната друга половина.

На крајот Кумар дава и неколку општи совети за зајакнување на љубовта за овој период: Во текот на овој месец редовно мешајте вода од рози во водата за капење; Чувајте розов кварц и карнелијан (црвено-кафен кварц) во ваша близина, особено во близина на вашата глава кога спиете ноќе; Изразете ги своите емоции со кристална јасност и не оставајте простор за какви и да се гласини.