Задолжувањето и јавниот и државниот долг не биле никогаш поголеми, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во општина Петровец зборуваше и за јавниот и државниот долг каде потенцираше дека задолжувањето на граѓаните не било никогаш поголемо.

-Оваа влада за 5 години, почнувајќи од 1 јануари 2018-завршувајќи со 31 декември 2022, успеа да ја задолжи Македонија повеќе отколку претходните влади во 14 години. Намерно не ја споменувам владата само на ВМРО-ДПМНЕ, за да не излезе дека зборуваме само за ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот од 2003 година 1 јануари до 2006 додека се формираше владата на ВМРО-ДПМНЕ беше влада на СДСМ, различни премиери во тој период, затоа го опфаќам периодот од 1 јануари 2003тата година до 31 декември 2016 година, значи речиси три пати пократок период, а помало задолжување наспроти оваа влада. И ќе ве потсетам тоа е период кога излеговме од татковинската војна, тоа е период кога излеговме од две огромни кризи, тоа се должничко-доверителската криза и финансиската криза, светски кризи кои и според сите експерти велат дека биле многу со пострашен ефект во економијата од ковид пандемијата, рече Мицкоски.

Мицкоски на крај порача дека иако задолжувањето е најголемо до сега, сепак власта не направи ни километар автопат, нема нови проекти, а исто така и бизнисот не е задоволен. Имено Мицкоски според ова запраша каде отишле парите при што посочи дека многу е јасно дека власта ги украла тие пари.