
Претседателот на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Долони истакнува дека поместување на тектонска плоча го предизвика катастрофалниот земјотрес во Турција, по што територијата на државата е поместена за три метри.
-Она што го нарекуваме арапска плоча се помести за три метри во насока кон североисток-југозапад во однос на анадолиската плоча, вели Долони.
Додава дека поместувањето од три метри е во должина од околу 160 километри.
Поголемиот дел од Турција лежи на анадолиската, но југоисточната плоча преминува над арапската плоча, кај Сирија.