ВИДЕО| Хаос низ турските продавници по земјотресот, народот зема храна и основни артикли

Очајот и безнадежноста се се посилни во турската провинција Хатај, која беше најтешко погодена од разорните земјотреси во понеделникот. Толпи луѓе се слеваат во продавниците кои беа напуштени по земјотресот, а некои се отворени од властите за да можат луѓето да ги добијат најосновните артикли, пренесува Скај Њуз.

„Гладни сме“, рече еден човек.

„Погледнете што станавме“, рече една жена, „нашата човечност е мртва“.

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува, а сега се искачи на повеќе од 16.000. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.