
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Карпош.
Како што информираат од РЦУК – Скопје, без струја од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од село Добри Дол, дел од село Ракотинци, ТС Хербаленд во општина Сопиште.
Во период од 10:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Бриселска“, ул. „Копенхагенска“ и други околни улици во општина Карпош.