
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија:
За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога од Алијанса за Албанците.
За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците
За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу, од Алијанса за Албанците.
За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е Каја Шукова.
За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е Тирон Јајага.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е Викторија Аврамовска-Мадиќ.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е Вјолца Бериша.
За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е Маја Манолева.
За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е Агим Нихиу, информираат од Владата.