
Умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините најпрвин на северот, а потоа слаб снег ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови. Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -10 до -3 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повисоките делови од котлината ќе има услови за поjава на слаб снег. Максималната дневна температура ќе биде пет степени.
Од понеделник следува период на стабилно време со не многу ниски утринските температури, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст. Ќе преовладува северен ветер кој во вторник особено вдолж Повардарието ќе засилува.