
Еден дефект на Клиниката за пулмологија и алергологија и болните не може да се примат во болница, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:
Оттука, уште еднаш се потврдуваат стратешките грешки во здравството:
ПРВО, Да имаше нов клинички центар барем оној во кампусот клиники Мајка Тереза, ќе беше многу поинаку за пациентите и условите ќе беа подобри за персоналот.
ВТОРО, Дали беше грешка одлуката Центарот за цистична фиброза да се премести од Детската болница – Козле на УК Педијатрија и УК пулмологија и алергологија? Персоналот е обучен и подготвен за третман и следење на ваквите пациенти, просторните услови ќе беа подобри доколку имаше нов клинички Мајка Тереза, или доколку останеа во Детската болницата – Козле.
ТРЕТО, стратешка грешка е да се инвестира во дотрајаната зграда на Интерна медицина во Кампусот Мајка Тереза, оваа зграда инфраструктурно не може да одговори на потребите на здравствениот систем.