Претпладне умерено облачно, попладне намалување на облачноста

Во понеделникот утрото во Македонија преовладува умерено до значително облачно време, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат од минус 7 до минус 1 степен, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрово има умерена облачност, а во текот на денот ќе боде сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, со највисоката температура во текот на денот до 8 степени.