
Русија намерно го суши резервоарот Каховка, изјави вчера вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
– Ова е екоцид. Окупаторите го сушат резервоарот Каховка. Ова е закана за животната средина, водоснабдувањето и земјоделството на регионите Запорожје и Херсон, рече Верешчук.
Резервоарот Каховка е извор за ладење на нуклеарната централа Запорожје и достигна најниска точка во последните три децении, пишува „Киев Индипендент“.
– Иако намаленото ниво на водата не претставува непосредна закана за нуклеарната безбедност, може да стане опасно доколку продолжи, изјави директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.