
Американскиот производител на автомобили „Форд“ соопшти дека укинува 3.800 работни места во Европа, од кои 2.300 во германските градови Келн и Ахен, плус уште 1.300 во Британија. Целта е да се намалат трошоците, соопшти денеска компанијата.
Повеќето од работните места во Германија треба да бидат укинати во одделот за производство во Келн во следните три години, а засегнати се и административните места. Во моментов, околу 14.000 луѓе работат во Келн и околу 200 во истражувачкиот центар во Ахен.
Надвор од Германија и Британија, во Европа ќе бидат укинати уште 200 други работни места.
Како што пренесе ДПА, „Форд“ е во состојба на прекретница и релативно доцна се префрлува на ново прозводство на електрични возила.