
Во Македонија во вторникот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Утринските температири се движат од минус 7 до 3, а дневните содветно ќе бидат во интервалот од 4 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 10-от степен.