Влијателни луѓе од Албанија и од Косово ја составувале македонската влада

Македонската влада ја составувале луѓе од Косово и Албанија, откри пратеничката на Алтернатива Сафије Садики во својот говор од собраниската говорница во расправата за реконструкција на владата.

На Собраниската седница Садики откри дека нејзинта партија, Алтернатива, пред една година влегла во владата затоа што со такви барања се јавувале албанскиот премиер Еди Рама и семејството на албанскиот херој од косовската војна Адем Јашари.

Садики вели дека актуелниот премиер Димитар Ковачевски и неговиот претходник Зоран Заев барале влијателни луѓе од Косово и од Албанија, како и меѓународни пријатели, да ја убедуваат Алтернатива да влезе во владата за да се откочат европските перспективи на земјата.

Изјавата на Садики е прва официјална потврда на македонски политичар дека македонската влада била формирана со директни влијанија од Албанија и од Косово.