НБА лига: Тандер подобри од Рокетс, Пистонс немоќни против Селтикс, нов „трипл-дабл“ за Јокиќ

Во синоќешните дуели во НБА лигата кошракарите на Оклахома Сити Тандер остварија убедливата победа од 133:96 на домашен терен против Хјустон Рокетс.

Домашните Тандер, кои се борат за место во постсезоната, тргна силно притив слабите Рокетс кои имаат најлош сооднос победи-порази во целата лига. Веќе во првата четвртина домашните имаа 20 поени разлика, а на крајот од третата четвртина предноста порасна на најголемите 42 поени. Најефикасни играчи на Тандер беа Шаи Гилгеус-Александер со 29 и Лугуенц Дорт со 15 поени, додека кај Рокетс подобри од останатите беа Џабари Смит со 15 и Џејлен Грин со 14 прекини.

Со сооднос победи-порази 28-29, Тандер моментално се 10-та екипа во Западната конференција, односно го држат последното место кое води во „плеј-ин“, додека Рокетс се на дното на Западот и на целата лига со 13-45, веднаш зад Сан Антонио Спарс кои се на соодносто 14-45.

Бојан Богдановиќ, имаше одлична шутерска вечер во дресот на Детроит Пистонс, но тоа не беше доволно неговиот тим да го изненади водечкиот тим во лигата и минатогодишен финалист, Бостон Селтикс, кој забележа сигурна домашна победа 127:109. Богдановиќ постигна 14 од вкупно 28 поени во третата четвртина, при што Пистонси стигнаа до шест поени (82:88), на на спротивната страна одличен беше Џејсон Тејтум, кој по болеста се врати во составот, па Селтикс спречија пресврт. Тејтум го заврши натпреварот со 38 поени, 9 скока и 7 асистенции, Малколм Брогдон додаде 25 поени на тимот.

Детроит е на дното на Истокот со скор 15-44, додека Бостон води на Истокот и целата НБА со 42-17.

Првото место на Западот и натаму цврсто го држат Денвер Нагетс, кои во својата сала ги победија Далас Маверикс со 118:109. Уште една сестрана партија одигра српскиот центар Никола Јокиќ кој постигна 14 поени со 13 скока и 10 асистенции, додека Џеф Грин со 24 и Мајкл Портер со 22 асистенции ги предводеа стрелците на домашната екипа. Кај Мавс, кои поради болки во грбот играа без Кајри Ирвинг, целиот товар повторно падна на Лука Дончич, но неговите 37 поени и 9 асистенции не беа доволни за поопасно загризување на противникот, а единствениот кој донекаде го следеше беше Кристијан Вуд со 17 поени.

Денвер се на врвот на Западот со 41-18, додека Далас се изедначени на шестото место на Западот со Минесота Тимбервулфс со 31-29.

Вториот тим на Западот, Мемфис Гризлис, на свој терен ги победија Јута Џез со 117:111, иако на крајот за малку ќе ја испуштеа големата предност што ја имаше од првото полувреме. Имено, гостите на минута пред крајот се доближија на 111:110, на 114:111 имаа напад, но потоа Хортон-Такер згреши и наместо да му додаде на Кларксон за потенцијална „тројка“, ја исфрлиа топката во аут. Џерен Џексон со 26 и Дезмонд Бејн со 24 прекини ги предводеа стрелците на Гризлис, кај кои Џа Морант постигна 20 коша со 8 скока и 9 асистенции. За Џезерите, кои играа без својот „Ол-стар“ Лаури Марканен, одличен беше Кели Олиник со 28 поени и 14 скока, а Џордан Кларксон додаде 20 коша, 9 скока и 6 асистенции.

Мемфис сега има 35-22, додека Јута падна на 29-31, или на 11-то место на Западот, прво под линијата за играње.

На средбата меѓу третата и четвртата екипа на Истокот, Филаделфија 76ерс во својата сала ги совладаа Кливленд Кавалирс со 118:112, а конечниот резултат е многу потесен отколку што требаше. Имено, на крајот од првото полувреме домашните имаа 28 поени разлика (63:35), резултатот го имаа под контрола во текот на целот натпревар, а гостите успеаја да намалат само во финалето. Џоел Ембиид ги предводеше Сиксерси со 29 поени и 14 скока, Џејмс Харден додаде 19 прекини со 12 асистенции, додека кај Кавси најефикасни беа Донован Мичел со 33 и Дариус Гарланд со 27 гола.

Филаделфија сега има 38-19, а Кливленд 38-23.

Петтиот тим на Истокот, Бруклин Нетс, го совладаа седмиот тим во истата конференција, Мајами Хит со 116:105, со играта во кариерата на новиот член Микал Бриџис. Новајлијата од Феникс постигна 45 поени за Нетс, па 24-те коша и 13 скока на Бам Адебајо не им помогнаа премногу на Хит.

Бруклин сега има сооднос 34-24, а Мајами 32-27.

РЕЗУЛТАТИ

Бостон – Детроит 127:109
Оклахома Сити – Хјустон 133:96
Филаделфија – Кливленд 118:112
Атланта – Њујорк 101:122
Бруклин – Мајами 116:105
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120:102
Денвер – Далас 118:109
Мемфис – Јута 117:111
Шарлот – Сан Антонио 120:110
Индијана – Чикаго 117:113

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Бостон 59 42 17 71.2
2. Милвоки 57 40 17 70.2
3. Филаделфија 57 38 19 66,7
4. Кливленд 61 38 23 62,3
5. Бруклин 58 34 24 58,6
6. Њујорк 60 33 27 55,0
7. Мајами 59 32 27 54.2
8. Атланта 59 29 30 49.2
9. Торонто 59 28 31 47,5
10. Вашингтон 57 27 30 47.4
11. Чикаго 58 26 32 44,8
12. Индијана 60 26 34 43.3
13. Орландо 59 24 35 40,7
14. Шарлот 60 17 43 28.3
15. Детроит 59 15 44 25.4

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Денвер 59 41 18 69,5
2. Мемфис 57 35 22 61,4
3. Сакраменто 57 32 25 56.1
4. Феникс 59 32 27 54.2
5. ЛА Клиперс 60 32 28 53.3
6. Минесота 60 31 29 51,7
7. Далас 60 31 29 51.7
8. Њу Орлеанс 59 30 29 50.8
9. Голден Стејт 58 29 29 50.0
10. Оклахома Сити 57 28 29 49.1
11. Јута 60 29 31 48.3
12. Портланд 58 28 30 48.3
13. ЛА Лејкерс 59 27 32 45,8
14. Сан Антонио 59 14 45 23.7
15. Хјустон 58 13 45 22.4