За САД легитимни се украинските напади врз Крим

САД сметаат дека црноморскиот полуостров Крим, во најмала рака, треба да биде демилитаризиран, како што Русија бара за Украина всушност, а официјален Вашингтон истовремено ги поддржува украинските напади врз воени цели на полуостровот, изјави американската државна потсекретарка Викторија Нуланд, што се толкува како давање одобрување на Киев за долго најавуваните такви акции, но и жестоко ескалирање на судирот како што предупреди и претходно Москва.

Црноморскиот полуостров,  каде доминантното руско населени по превратот поддржан од Западот во Киев во 2014 година преку два референдума со огромно мнозинство прво ја поврати укинатата автономија по осамостојувањето на Украина во 1990-те и потоа се врати во составот на Русија од која е отцепен административно со одлуката на тогашните советски власти во 1953 година, што Киев и Западот го сметаат сега за нелегално руско анектирање на украинска територија.

На Крим во пристаништето Севастопол уште од пред три века е и историското седиште на руската Црноморска флота, а неговата геостратешка позиција всушност е причината зошто западните политичари го сметаат за жариште на украинската војна.

„Без оглед на тоа какова одлука Украинците ќе донесат за Крим, кога станува збор за одлука за тоа каде ќе се водат борбите, Украина нема да биде сигурна сѐ додека Крим не биде во најмала рака демилитаризиран“, рече Нуланд.

Таа на почетокот од 2014 година ја имаше клучната улога во уривањето на власта на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович и почетокот на тогаш уште граѓанската војна на југоистокот од Украина меѓу новите прозападни власти во Киев дојде со насилниот преврат и мнозинското руско и рускојазичното население во Доњецк и Луганск.

На прашањето за опасноста од ескалација на украинската војна во случај на напади врз Крим, Нуланд призна дека Русија на полуостровот има мноштво воени објекти кои се клучни за судирот.

„Тоа се легитимни цели, Украина ги гаѓа и ние тоа го поддржуваме“, рече Нуланд чијашто изјава доаѓа откако украинскиот претседател Володомир (Владимир) Зеленски интензивно инсистира Киев да добие и ракети со долг дострел до 300 километри и борбени за авиони за гаѓање во длабочина на руската територија.

Зеленски ветува враќање на целата територија којашто премина во раце на руските сили и на која живеат етнички Руси, вклучително и Крим, во што се сомневаат и неговите западни политички поддржувачи и воено-политички аналитичари.

Москва повеќепати предупреди дека нападите врз Крим би биле исклучително опасни и дека претставуваат ризик од голема ескалација на војната. Кога лани во терористички напад беше оштетен Кримскиот (Керченскиот мост) кој полуостровот го спојува директно со Русија, следеа масовните ракетни удари во која е речици целосно девастирана украинската енергетска и друга клучна инфраструктура.

„Украински напад врз Крим би бил многу опасен и новите испораки на западно оружје за Киев не се добри во смисла на безбедноста во Европа и светот и може да значи воведување на конфликтот на квалитативно нови ниво, предупреди кон средината на јануари портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, коментирајќи ги идентичните најави од Вашингтон.