
Тројца 16-годишници загинаа во петокот вечерта во сообраќајна несреќа на патот Рожаје – Баќ, додека нивен врсник е тешко повреден, изјавија од Полициската управа на Црна Гора. Во Рожаје е прогласена дводневна жалост.
Повредениот тинејџер е префрлен во болницата во Беране.
Несреќата се случила во петокот во 22 часот и 30 минути во зоната Зелени на патот Рожаје-Баќ, кога автомобил со малолетници излетал од патот во реката Ибар.
Сите настрадани се од Рожаје.
Полицијата извршила увид, а патот Рожаје-Баќ подолго време бил затворен за сообраќај.
Ова е најтешката сообраќајна несреќа со најголем број загинати од почетокот на годинава во Црна Гора.