
На 20.02.2023 околу 01:30 часот во Полициското одделение Арачиново било пријавено дека во с.Арачиново настанал пожар во патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М.. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 20.02.2023 во 03:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сингелиќ, скопско, настанал пожар во патничко возило „пежо“, сопственост на Е.Ј.(27) од с.Сингелиќ и патничко возило „бмв“, сопственост на С.Ј.(31) од с.Сингелиќ.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.