
Јавното обвинителство оформи предмет за интервјуто на новинарот Драган Павловиќ – Латас, дадено за јутјуберот Стефан Лазаров.
До ОЈО стигнало известување од Секторот за комјутерски криминал при МВР, кои, како што ни е објаснето, работеле на случајот бидејќи се работи за интервју излезено на каналот Јутјуб, односно интернет интервју.
По ова од ОЈО и МВР отвориле предмет за случајот.
„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки“,
Всушност повеќе невладини организации, јавни личности и корисници на социјалните мрежи побараа државни органи да реагираат во врска со изјавите на новинарот и водител Драган Павловиќ – Латас дадени во поткаст за јутјуберот Стефан Лазаров, за кој тие сметаат дека содржи промоција на насилство врз жените, како и признание од Латас дека на 14-годишна возраст извршил силување на девојка.