
СВР Скопје поднесе кривична пријава К.Н.(32), Б.Х.(31) и Ш.Х.(29), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
Првопријавениот, референт-матичар во Управата за водење на матични книги во Министерството за правда, по претходен договор со второ и третопријавениот, им изготвил и издал извод од матична книга на родени на име на нивното дете без да има доказ за уплатена административна такса за издавање на извод.
Воедно, првопријавениот го изготвил изводот со невистинити податоци, односно во графата ЕМБГ вметнал веќе постоечки матичен број на малолетно дете од Тетово и со своерачен потпис и службен печат од Управата за водење на матични книги го заверил документот.