Утрово дојави за бомби во 10 училишта

Утрово пристигнале нови дојави за бомби на електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп.

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) ги евакуирале објектите и вршат антитерористички проверки.

Минатата недела, исто така, имаше дојави за бомби во училишта низ Македонија, а најмногу закани пристигнаа за скопските училишта.

МВР и тогаш веднаш интервенираше и изврши антитерористичките проверки, по кои утврди дека станува збор за лажни дојави.